За Страшо Пинџур
Страшо Пинџур е роден на 5 март 1915 во целото Ваташа, Кавадарци. Многу рано останал без татко, мајка му се премажила и гружата за него ја преземала баба му со која останал приврзан целиот живот. Основно училиште завршил во Ваташа, нижа гимназија во Кавадарци, а потоа заминал на школување во Крагуевац. Таму се остакнал како напреден младинец и револуционер, а токму во тие денови доаѓа до израз неговата творечка способност. Своето образование го продолжил на Правниот факултет во Белград.
Како напреден студент активно се вклучил во Друштвото на напредни македонски студенти „Вардар“. Таму земал учество во револуционерното движење, како член на КП на тогашна Југославија, но неговата револуционерна дејност се зголемува по завршувањето на правните студии и неговото враќање во Македонија. Од јуни 1942 год. Станал член на Главниот штаб на Македонија. На 19 декември 1942 бил уапсен во Велес, од страна на бугарската полиција. По повеќедневно мачење тој е убиен во Скопје, на 4 јануари 1943 година. Неговото тело било однесено во непознат правец. Со својата активност во огранизирањето на македонскиот народ во борбата против фашистичкиот окупатор, како и со своето храбро и достоинствено движење во затворот во Скопје, тој се вбројува во редот на првите народни херои на Македонија.
Страшо Пинџур со студенти, членови на друштвото “Вардар“ 1936 година |